Карл Маркс Фридрих Енгелс

Германска идеологија


Поговop

Новинско-издавачката организација „Комунист“ — Скопје ме замоли да приредам избор од „Германската идеологија“ на, според мојата оценка, нејзините најрелевантни места. Овие одбрани страници ce токму тој избор. Во него од првиот том ги поместив Предговорот и целата прва глава „Фојербах“. Спротивноста меѓу материјалистичкото и идеалистичкото гледиште, додека од Лајпцишкиот црковен собор ja дадов интегрално само втората глава „Свети Бруно“, додека третата глава, најобемната, „Свети Макс“ целосно ja изоставив. Од вториот том, Критика на германскиот социјализам во лицето на неговите различни пророци, ги поместив: „Вистинскиот социјализам“, првата глава „Die Rheinische Jahrbücher“ или „Филозофијата на вистинскиот социјализам“, четвртата глава: „Karl Grün: Die soziale Bewegung in Frank­ reich und Belgien (Darmstadt, 1845) или Историографијата на вистинскиот социјализам“ со подглавите „Сенсимонизмот“ и „Фуриеризмот“, додека петтата глава „Dr. Georg Kuhlmann aus Holstein“, или „Пророштвото на вистинскиот социјализам", целосно ja изоставив, бидејќи, како што е познато, тоа е труд на Мозес Хес.

Според тоа, овие одбрани страници од „Германската идеологија" не претендираат на критичко издавање на овој втор заеднички значаен труд на Маркс и Енгелс. Тоа ќе биде неопходно да ce направи кога ќе ce издаде интегралниот текст на „Германската идеологија". Сегашново издание е приспособено за библиотеката „Марксизам" која со овие одбрани страници од „Германската идеологија" ja воведува „Комунист", a e наменета за слушателите на предметот „Основи на марксизмот" на сите степени од образованието. Сето ова беше повод, во редакцијата и преводот на ова издание, да постапам така како што тоа го објаснив во белешката под бр. 2, т.е. сите релевантни места прецртани во ракописот на „Германската идеологија", при скратувањето на текстот од Маркс и Енгелс, да ги интегрирам во основниот текст, a не како што е тоа вообичаено правено при сите досегашни изданија на ова незавршено дело на Маркс и Енгелс. Дотолку повеќе што многу места од изоставениот текст при подготовките на ракописот за издавање ce од такво и толкаво капитално значење за марксистичкото сфаќање на човекот, општеството и природата, што вчудоневидува зошто на повеќе места, и токму на тие, текстот е скратуван.

Тоа не упатува да ja објасниме историјата на настанувањето на „Германската идеологија".

Како што е познато, во есента на 1845 година Маркс и Енгелс, по завршувањето на ракописот на „Свето семејство" во 1844 година и нејзиното излегување од печат кон крајот на февруари 1845, решаваат да напишат ново заедничко дело, некој вид продолжување, или втор дел на „Свето семејство" под наслов „Лајпцишки црковен собор". Непосреден повод за новото заедничко дело е полемиката што ja поведоа против нив Б. Бауер и М. Штирнер во „Wigand's Vierteljahrsschrift", 1845/Ш како нивен одговор на „Свето семејство", така што „Лајпцишки црковен собор", во кое Маркс и Енгелс ги третираат Бруно Бауер и Макс Штирнер како црковни оци, поради што и ги нарекуваат нив, првиот „Свети Бруно", a вториот „Свети Макс", беше замислен како одговор на полемиката против нив. Подоцна тие го прошируваат новото заедничко дело „Лајпцишки црковен собор" со тоа што го пишуваат вториот негов дел под наслов „Критика на вистинскиот социјализам". Првобитната верзија на „Лајпцишки црковен собор" Маркс ja подели на три дела, од кои „Фојербах", кон кој Маркс и Енгелс ce однесуваа со голем пиетет, е изделен во посебна глава и не спаѓа во „Лајпцишки црковен собор". Другите две глави „Свети Бруно" и „Свети Макс" ги препишувал на чисто Енгелс во што му помагал и Јозеф Вајдемаер при што секој веќе препишан одделен пасус бил вертикално прецртан и при оваа постапка ce чини ce елиминирани и некои фрагменти кои во никој случај не можеле да бидат скратени. Инаку самиот наслов на ова заедничко дело на Маркс и Енгелс Германската идеологија, како и повеќето поднаслови во ова нивно дело не потекнуваат од Маркс и Енгелс, туку од подоцнежните негови издавачи, така што и самото издавање на ова дело на Маркс и Енгелс има своја историја.

„Германската идеологија", освен два фрагменти од вториот том, не е објавена за време на животот на Маркс и Енгелс. Како ce случило и зошто ce случило тоа?

Одговорот го наоѓаме во преписката на Маркс и Енгелс особено во преписката со Вајдемаер и Аненков.

Маркс и Енгелс работеле над „Германската идеологија" од септември 1845 па ce до мај 1848 година. Веќе во април, 1846 Вајдемаер го добил главниот дел од „Германската идеологија" третата глава од првиот том „Свети Макс", и го известува Маркс дека ce обидува да создаде посебно издавачко претпријатие за издавањето на „Германската идеологија" и го моли што побрзо да му го испрати остатокот од ракописот. Во средината на мај, Маркс јавува дека другиот дел од ракописот е „речиси готов". Вајдемаер го подготвува издавањето на „Германската идеологија" со финансиска поддршка на Јулиус Маер и Рудолф Ремпел, кои им припаѓале на „вистинските социјалисти". Кога, меѓутоа, стасал најголемиот дел од вториот том во кој ce критикуваат претставниците на „вистинскиот социјализам" Маер и Ремпел веќе во јули 1846 го известиле Маркс дека го одбиваат финансирањето на издавањето на „Германската идеологија". Тогаш започнува трагањето по нов издавач. Сите обиди, меѓутоа, и поради тешкотиите кои ги правела полицијата, останале без резултат. Во меѓувреме, по нивното запознавање со „Сушноста на религијата" од Фојербах, тие продолжуваат да работат на главата „Фојербах" во која ги развиваат своите погледи во конфронтација со Фојербах, глава која, меѓутоа, остана незавршена и во чие средување за печат имало најмногу проблеми. Во април 1847 година Маркс ja објавува „Изјавата против Карл Грин" во која за прв пат го наведува новиот наслов на книгата: „Die deutsche Ideologie (Kritik der neusten deutschen Philosophie in ihren Repräsentan Feuerbach, B. Bauer und Stirner, und des deutschen Sozialismus in seinen verchiedenen Propheten)" наместо дотогашниот „Лајпцишки црковен собор". Од оваа изјава на Маркс подоцна ce извлечени и повеќето поднаслови за структуирањето и преструктуирањето на „Германската идеологија". Во почетокот на септември 1847 е објавена IV глава од вториот том на „Германската идеологија" и тоа е единственото што за време на животот на Маркс и Енгелс е објавено од нивното заедничко дело. Истата година, во писмото до Аненков, од 9 декември, Маркс дефинитивно констатира дека „Германската идеологија" нема да биде објавена во целост и дека текстот е сега, како што пишува тој, препуштен на „глодарската критика на глувците". Интегралниот текст на „Германската идеологија", освен главите II и III од вториот том кои ce загубени и не постојат во ракописот, објавен е дури во 1932 година во Marx-Engels Gesamtausgabe (MEGA). Erste Abt., Bd5, Marx-Engels-Verlag G. m. b. H., Berlin 1932, herausagegeben von V. Adoratskij.

Таква е, ете, судбината на една од фундаменталните книги на Маркс и Енгелс, „Германската идеологија", во која, тие не само што извршија, како што пишуваа, „пресметка со некогашната своја филозофска совест", туку ги расветлија најсестрано своите погледи за законитостите на историските процеси и за местото, настанувањето, улогата и карактерот на владејачките идеи на една општествена епоха. На тој начин со „Германската идеологија" тие ги засноваа своите погледи за местото, карактерот и улогата на производните сили, наместо правните, моралните, политички и други идеи, како движечки фактор на историјата и како основен фактор во развитокот на едно општество. Тие, имено, открија дека основата на сите социјални и други судири во едно општество ce наоѓа во спротивноста на производните сили и производствените односи која ce разрешува во и со револуцијата. По „Свето семејство", во „Германската идеологија" посебно, е истакната улогата на пролетаријатот како историски субјект на coцијалистичката револуција и на универзалната човечка еманципација. Во „Германската идеологија", заедно со Марксовите „Тези за Фојербах", кои ce напишани во истото време, дури Маркс и Енгелс ja пишуваа „Германската идеологија", во 1845, во конфронтација со контемплативниот материјализам на Фојербах, ja засноваа практиката и практичната дејност на човекот како главно исходиште на новиот материјализам, чие становиште е „човечкото општество или поопштественото човештво", наспроти стариот материјализам чие становиште беше граѓанското општество. Она што импресионира посебно во „Германската идеологија" не ce само откритијата на Маркс и Енгелс на патиштата до комунистичката заедница, туку и вонредно дофатените и откриените човечки димензии на комунистичката заедница, светот на човековите суштински сили, светот на превладаната класна поделба на луѓето и на парцијализацијата на трудот, светот на слободно здружените луѓе.

Од тоа становиште „Германската идеологија", како и самиот марксизам воопшто, е актуелна книга која денес ни дава множество валидни одговори за смислата на светот што денес го живееме и за смислата на светот кон кого страсно ce стремиме.

Г. Старделов